ГРЧЕВА: Бившиот чувар на холандската амбасада Кастриот Реџепи ќе ги обединувал сите про ЕУ сили во Собранието

by Тони Зографски

Откако пратеникот од Беса Кастриот Реџепи прво се потпиша на списокот на пратеници за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев, па се попишмани и „исчезна“ на денот на гласањето, со краток коментар се огласи и поранешната пратеничка, универзитетска професорка и лидерка на партијата Глас за Македонија, проф. д-р Солза Грчева:

– Кастриот Реџепи ќе ги обединувал сите про ЕУ сили во Собранието. Читај, им требаат пратеници. Тој, ако не грешам, беше чувар во холандската амбасада? А јас бивш професор во Холандија, останав необединета, назадна сила. Ова се случува во земјата на чудата на Алиса, – објави Грчева на својот Фејсбук профил.

останати вести