Боксерски меч одржан во Тајланд заврши со ретко виден исход во кој не беше можно да се прогласи победник.
Причината е неверојатна. Имено, и двајцата борци завршија на подот во исто време откако доживеаја брутален нокаут од ривалот.
Од самиот почеток борбата беше многу возбудлива и полна со жестоки удари, а на крајот заврши на начин кој досега не сме имале можност да видиме многу пати.
Исходот од борбата го изненади и коментаторот кој еуфорично следеше што се случува во рингот.
DOUBLE KOs…. pic.twitter.com/DuSJQZU07s
— Roots of Combat (@RootsOfCombat) November 18, 2021