Десет тела беа пронајдени во Закатекас, Мексико, вклучително и девет кои беа обесени на надвозник.
Државната агенција за јавна безбедност Закатекас објави дека телата се пронајдени во Сиудад Куаутемоку, околу 550 километри северно од Мексико Сити, пренесува агенцијата АП.
Картелите Синалоа и Халиско Нова генерација се борат за контрола на таа земја, која е клучна транзитна точка за дрогата, особено моќниот синтетички лек против болки „фентанил“, кој дополнително е „расфрлен“ на север до границата со САД.
Картелите понекогаш прават такви јавни настапи со цел да ги исмеваат своите ривали или власти и да ги заплашат локалните жители.
Според федералните податоци, во првите девет месеци од оваа година во Мексико имало повеќе од 25.000 убиства, што е за 3,4 отсто помалку отколку во истиот период претходната година.