Познатиот бренд „Картие“ неодамна ја објави својата празнична кампања порачувајќи дека „Љубовта е сè“.
Со фантастично видео и низ призмата на британската фотoграфка Шарлот Вејлс, брендот успеа за неколку дена да оствари милионска гледаност.
Во пренесувањето на пораката учествуваа Моника Белучи, Ела Балинска, Лили Колинс, Џексон Венг, Мејси Вилијамс, Анабел Волис, Вилоу Смит, Трој Сиван, Мелани Лоран, Маријакарла Босконо…
Оваа интернационална екипа, се потруди да го збогати видеото со својата индивидуалност, а сето тоа преку звуците на насловната композиција зад која се потпишуваат Роџер Гловер и Рони Џејмс.
Црвената и белата боја доминираат, сијалички, балони, што само дополнително придонесуваат за елегантниот празничен амбиент.
На крајот од песната се содржи и пораката – Мора да живееме заедно и секако да се сакаме.