Иако во последните месеци ретко се појавуваше во јавност, една од најубавите, но и најстилските кралици на светот надокнади оваа недела кога ги угости британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камил во кралската палата во Јордан со сопругот и синот.
Државната посета на британската кралска двојка на Јордан започна со официјална церемонија за пречек во Аман, каде во кралската палата беа пречекани од кралот Абдула, престолонаследникот Хусеин и секогаш беспрекорно негуваната јорданска кралица Ранија.
Во улога на домаќинка, 51-годишната кралица го украде вниманието во софистицирано палто кое го носеше како фустан, а за да изгледа посебно се погрижи за впечатливи модни додатоци.
Својата витка фигура ја истакна во крем боја капут со златен ремен, но тоа не беше единствениот впечатлив додаток за кој се одлучи. Стави и обетки во златна боја, како и чанта со потписот на француската модна куќа Луј Витон, а стајлингот го дополни со изборот на салонки украсени со апстрактен дизајн. Станува збор за модел со потпис на француската модна куќа Диор.
За вечерното издание убавата кралица облече фустан во стил на кафтан во крем боја, со интересен златен вез околу ракавите и струкот.