Една медицинска сестра од Горна Австрија ја опишала драматичната ситуација во болниците во таа австриска покраина, велејќи дека телат на починатите се оставаат во ходникот поради пренатрупаност во мртовечницата.
Медицинската сестра дала изјава за агенцијата “APA”, која не го открила нејзиниот идентитет, и рекла дека за викендот бил забележан огромен број на смртни случаи, па капацитетите на мртовечницата биле надминати.
Таа укажала дека секој корона смртен случај претставува огромно психичко оптоварување за медицинскиот персонал.
“Никој надвор од болницата не може ни да замисли што значи тоа”, рекла таа додавајќи дека починатите од корона, за разлика од неидентификуваните смртни случаи, не се подготвуваат за семејството да им овозможи достоинствено збогување.
Укажала дека оптоварувањето по медицинскиот персонал е големо, дека некои одделенија се затворени за да персоналот да се користи на ковид одделенијата.
“Ситуацијата е таква што сме премногу уморни. Ситуацијата е таква што имате пожар, а не земате уред за гасење, туку бензин”, опишала таа.
Пренела дека секојдневно гледа тријажа на пациентите, додавајќи дека неодамна била донесена постара жена со лоша клиничка слика, која во нормални услови би била на интензивна нега, но бидејќи немало место, била сместена на обично ковид одделение.
Таа жена, како што рекла, се изборела со вирусот и преживеала.
Медицинската сестра вели дека е преморена и дека во моментов нема приватен живот.
“Само што ја напуштате смената и веќе ви ѕвони телефонот или добивате порака со прашање дали можете да помогнете. Никој не помислува да не одговори. Околу 150 часови прекувремена работа имаат сите мои колеги”, рекла таа.
Вели дека развојот ја плаши, бидејќи постарите размислуваат за давање отказ, па дури и откажување од бонусите.
Младите лекари, додава, активно бараат место во некоја ординација.
Нејзината најголема желба, вели, е конечно да се врати животот во кој може да прави планови.
“Не сакам никаков бонус, кој, покрај се, не е ни исплатен. Сакам само приватен живот со планови. Сакам еднаш да се разбудам и да немам порака со прашање дали можам да помогнам на работа”, објаснила таа.