Бреди Купер (46) и Ирина Шајк (35) и по разделбата се во одлични односи и неретко заедно излегуваат заедно со својата 4-годишна ќерка Леа, но досега речиси никогаш не биле забележани само тие двајца.
Парот шетал низ Мехнетн разговарајќи, а додека лицето на Ирина било покриено со заштитна маска и очила за сонце, Бредли не успеал да ја скрие насмевката и одличното расположение, како и тоа колку ужива во друштво на неговата поранешна партнерка и мајка на неговото дете.
Шајк го држела Бредли под рака додека шетале, а парот изгледал многу опуштено заедно.
И двајцата биле облечени во лежерни комбинации, па изгледале прекрасно заедно.
Инаку, Бредли и Ирина заедно биле четири години, а ја добиле и ќерката Леа, но пред две години раскинаа и дадоа официјално соопштение дека повеќе не се заедно со молба до медиумите да ја почитуваат нивната приватност.
Парот бил верен, но никогаш не го кажале судбинското „да“ пред матичар, а по раскинувањето го продолжиле својот однос, како што велат – како пријатели.