Холивудската глумица Хали Бери (55) со децении важи за една од најубавите жени во светот. Таа уште еднаш докажа дека луѓето ширум планетата не се имуни на нејзиниот изглед. Премиерата на филмот „Bruised“ е закажана за среда, а актерката веќе напорно работи на промоцијата на својот најнов проект.
Таа вчера гостуваше кај познатиот комичар Џими Кимел и изгледаше … и повеќе од совршено!
Убавата актерка облече необичен фустан, изработен од мини здолниште и кимоно во златно-црна комбинација. Со ремен во ист стил таа го истакна својот совршен струк, а со сандали кои исто така беа комбинација од овие две бои ги издолжи своите и онака совршени нозе.