Дино Балиќ, поранешниот дечко на Каролина Гочева и на Натали Грубовиќ се ожени со ракометарката на Вардар и репрезентативка на Германија, Ања Алтхаус. Нивните пријатели објавија фотографии на социјалните мрежи.
Старосватица на невестата беше познатата модна креаторка, Јована Филиповиќ. Ања Алхаус, откако си замина од Вардар, играше за унгарскиот “Ѓер“, со кој стана европски шампион. Потоа ја заврши кариерата.
Дино Балиќ и Каролина Гочева беа во врска четири години, а раскинаа во 2008 година. Каролина е секогаш воздржана што се однесува до коментарите за нејзиниот приватен живот, па на прашањето дали е вистина дека веќе не е со Дино, таа тогаш искоментира:
„ Ха, ха, ха, еднаш не ме оставате да раскинам на раат”. И Дино одби да дава изјави за медиумите.
Со Натали Грубовиќ, која е сега мажена во Србија и има ќерка, Балиќ беше во врска пред Каролина. Тој беше уапсен во 2011 година во Германија. МВР поднесе кривична пријава против Балиќ и уште негови четворица соработници за шверцување на брендирана облека што ја продавал во својот бутик. Откако успеа да побегне, беше распишана меѓународна потерница по него.