Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Микробиомот е “мини екосистем” од микроби, генетскиот материјал на сите микроби (бактерии, габи, протозои и вируси) кои живеат насекаде на и во телото, кожа, очи, уста, вагина и црева.
Во минатото бактериите се сметаа за непријатели. Убивањето на бактериите беше начин да се заштитиме, сé се дезинфицираше, антибиотици се пиеа и за најмала настинка. Последните децении науката откри дека бактериите не само што не се штетни туку се корисни и неопходни за здрав живот.
Луѓето имаат стотина трилиони микроби, повеќто живеат во цревата, особено во дебелото црево. Цревниот микробиом е сложена интеракција меѓу микробите, имунолошкиот систем на домаќинот, хормоните, навиките во исхраната, лековите, физичката активност.
Овие микроорганизми не се напаѓачи туку корисни колонизатори вовелечени во функции важни за здравјето и благосостојбата. Здрав микробиом е од суштинско значење за развојот, исхраната, здрав имунолошки систем, здрави коски, здрава тежина и здрав мозок. Коку е поразновиден толку повеќе придобивки може да имаме.
Бактериите помагаат во варење на храната, штитат од други бактерии кои предизвикуваат болести, произведуваат витамини – Б витамини, Б12, тиамин и рибофлавин и витамин К.
Микробиомот на една особа влијае на осетливоста на инфективни болести и може да допринесе за хронична болест на гастроинтестиналниот систем.
Автоимуните болести се асоцирани со дисфункција во микробиомот. Акумулирани микроби кои предизвикуваат болест ја менуваат генската активност и метаболните процеси и резултат е абнормален имунолошки одговор кон сопствените ткива.
Се смета дека микробиомот на мајката влијае на здравјето на нејзиното дете.
Некои микроби одредуваат како една особа ќе реагира на одреден лек.
Здравјето на цревата влијае на тоа колку хранливи материи ќе се екстрахираат од внесената храна. Колку повеќе различни бактерии има толку подобро се вари храната, подобра e апсорпцијаta на хранливите материи и подобро e општоto здравје. Спротивно, неразновиден и небалансиран микробиом води до проблеми. Кога во цревата има многу “лоши” и нема доволно “добри” бактерии кои ќе им се спротистават се јавува негативен дисбаланс кој води до болести.
Еден од најлесните начини да се поправи разновидноста на бактериите на микробиомот е со исклучување на штетната храна од исхраната. Храна со нарушен сопствен микробиом го компромитира микробиомот на домаќинот и предизвикува воспаление.
Природната храна допринесува за добри бактерии во цревата и го намалува воспалението.
Храна богата со влакна и пребиотици кои ги хранат бактериите во цревата.
Храна богата со антоксиданси која ја ублажува штетата од оксидативниот стрес и преактивниот имунолошки систем.
Разновидна растителна храна богата со полифеноли кои имаат лековити својства, спречуваат формирање на слободни радикали.
Храна која содржи култури на добри бактери: јогурт, кефир, црна чоколада, нато, темпе, кисели краставички, кисела зелка.
Свеж зеленчук, мешунки, овоје, цело зрно житарки, здрави масти, зачини, чаеви, црвено вино, месо хрането со трева диви води риба.
Здрав сон и управување со стресот.
Избегнување на (зло)употреба на антибиотици.