Шукур понегна од Турција после неуспешниот воен удар во Турција пред пет години, со неговата неговата вмешаност со организацијата ФЕТО, па во Калифорнија сега преживува возејќи такси и со една слаткарница. Шукур сега моли за помош, некој да му даде шанса да работи во фудбалот.
„Мојата ситуација е многу тешка, ми земаа сѐ. Буквално сѐ што имав и сѐ што инвестирав во Турција. Ердоган ме молеше да влезам во неговата партија за да му донесам гласови, а потоа ме претвори во државен непријател, само зашто не ги делам истите ставови како него. Сѐ ми зема. Семејството ми го протера, татко ми го уапсија. Сите што кренаа глас за демократија сега ја плаќаат цената“, вели Шукур.
Тој им порача на турските фудбалери да играат и да не зборуваат за да не завршат како него.
„За турските фудбалери добро е да играат надвор од земјата зашто така не би можеле да заземат страна, ама најпаметно е да не се бунтуваат како јас, зашто ќе завршат како мене. Нема да имаат шанса никогаш да се вратат во Турција. Јас само сакам некој да ми даде шанса, посебно во италијанскиот фудбал каде оставив белег“, додава Шукур.
Тој е легенда на Галатасарај, во 2000 година го освоија Купот на УЕФА, играше за Парма, Интер и Торино во Италија, за Блекбурн во Англија, а во Турција уште за Сакаријаспор и Бурса. За Турција даде 51 гол на 112 меча, стрелец е на најбрзиот гол на Светските првенства и има бронза од СП 2002 во Јапонија и Јужна Кореја.