Манекенката, пејачка и поранешна реалити ѕвезда Парис Хилтон се омажи за претприемачот Картер Реум на раскошна церемонија на поранешниот имот на нејзиниот покоен дедо во Бел Ер.
Таа по церемонијата ја потврди радосната вест на Инстаграм и на тој начин на сите им покажа само дел од венчаницата од работилницата на Оскар де ла Рента.
На фотографијата е нејзиниот веренички прстен, додека за венчавката сите следбеници на Инстаграм, а ги има повеќе од 16 милиони, ќе треба да ги почекаат следните фотографии.
Меѓу гостите во Париз на свадбата во Бел Ер имаше и голем број ѕвезди. Свеченоста не ја пропуштија пејачките Бебе Реџа и Пола Абдул, актерката Ема Робертс, актерот Еван Рос и многу други, пишува ENews.
Парис и Картер објавија дека се вериле во февруари, по повеќе од една година врска. Невестата подготвила голем број фустани за венчавката, а дури непосредно пред церемонијата избрала во кој фустан ќе се омажи.
Најголемо внимание привлече нејзината мајка Кети Хилтон која за свадбата на ќерката облече бел фустан со срце.