Кинеската тенисерка Шуаи Пенг, која го обвини вицепремиерот Жанг Гаоли дека ја силувал, моментално се води за исчезната, пренесува „Ле Монд“.
35-годишната Пенг на популарната кинеска социјална мрежа објави дека била силувана од Џанг Гаоли, еден од најмоќните Кинези, додека неговата сопруга чувала стража. Француски Le Monde ја носи вознемирувачката вест дека Пенг исчезнала.
„Такви остри обвинувања за силување за прв пат се поврзуваат со високи кинески владини функционери “, пишува Ле Монд, додавајќи: „Молкот и прикривањето на младата дама откако излезе во јавност предизвика страв кај луѓето дека нешто и се случило. Една верзија на приказната е дека била принудена да ја напушти земјата, најверојатно во Соединетите држави“.
Кинеската беше најдобра светска тенисерка во двојки, победничка на Вимблдон во 2013 година и Ролан Гарос во 2014. Најдобар пласман во поединечна конкуренција и било 14. место, а моментално е 191. тенисерка на светот.