Во борделот Fun Palast во Виена е можна вакцинација против Ковид-19. Сите што ќе се вакцинираат таму добиваат бесплатен секс третман во сауна 30 минути со жена по свој избор, пишува Mail Online.
„Имаме пад на прометот за 50 проценти. Се надеваме дека ова барем малку ќе го зголеми. Ова го организираше еден мој познаник. Реков зошто да не? И онака сакав да се вакцинирам поради правилото 2G. Ова е совршено“, рекол Герхард од борделот.
За ова зборувал и сопственикот на борделот Питер Ласкарис.
„Видов дека ни требаат 70 до 75% за имунитет на стадо. Многу луѓе кои дојдоа во Австрија од други земји ја одбиваат вакцината или не знаат за што се вакцинирани. Бидејќи овие луѓе се нашата целна група и клиенти, ние одлучи да поставиме контролен пункт за вакцинација“, изјавил тој за Ројтерс.
„Мислам дека ова е многу добра идеја бидејќи името на нашето место е Fun Palast, што сугерира дека луѓето ќе се забавуваат овде и ќе се вратат барем малку во нормала“, додала вработената Мина.
Австрија ја има една од најлошите стапки на вакцинирање во западна Европа, поради што владата воведе построги рестрикции. Околу 64% од австриското население е целосно вакцинирано, а на невакцинираните им е забранет влез во ресторани, кафулиња и фризерски салони.