Холивудската актерка Марго Роби е главната ѕвезда на филмот „Барби“ кој наскоро ќе можеме да го гледаме, а актерката ги откри своите тајни на исхраната додека се подготвува за филмот за легендарната кукла.
Марго Роби ја игра најпознатата кукла на светот, а за да ги исполни барањата на една предизвикувачка улога, холивудската актерка следи строга диета за да ја одржи формата.
Таа зборувала за „Барби диетата“ во неодамнешното интервју за British Women Health.
Основниот принцип на оваа диета е следниот: многу малку јаглехидрати и без слатки.
Поентата на оваа диета е дека се базира на протеини и влакна, додека шеќерот треба целосно да се елиминира, особено во првите 10. дена. Во овој период е забрането и овошје. После тоа, дозволено е една овошка дневно.
Внесот на калории не треба да надминува 1200.
Вака изгледа менито на актерката за еден ден:
„Мојот појадок обично се состои од овесна каша и шејк за зајакнување на имунитетот. За ручек јадам салата од пилешко, а за вечера стек од туна и слатки компири. Инаку, пијам чај во текот на денот, со кој сум опседната откако живеам во Велика Британија, рекла Марго.
Покрај здравата исхрана за улогата Барби, Марго се префрлила на тренинзи со висок интензитет, со страст за пилатес.
„Секогаш се чувствувам многу подобро по добро истегнување. Но, кога не се подготвувам за улогата, претпочитам тренинзи во кои навистина уживам – часови по танц или играње тенис со пријателите“, изјавила убавата русокоса.