„Прва работа, ивермектинот се применува во ветеринарната и во хуманата медицина. Во хуманата се применува системски и локално. Системски значи дека кога пациентот го пие, се применува за лекување на различни параитски зболувања. Локално во облик на крема се користи за лекување на одредени кожни заболувања, како што е розацеа. Пандемијата со коронавирусот ја дочекавме неспремни кога се во прашање антивирусните лекови и тогаш се одлучивме за стратегија на пренамена, лекови за кои знаеме дека делуваат на некои други вирусни болести се обидовме да ги примениме и кај пациенти заболени од ковид“, истакна д-р Стојановиќ.
Според него, кога е ивермектинот во прашање, забележано е дека има одредени фармаколошки својства, дека може да го потисне воспалението, да ја намали синтезата на инферлеукин 6, кој игра улога во патогенезата на болеста и овие интересни фармаколошки својства плус 50 години искуство во лекувањето на паразитски инфекции, лесната примена на пациентите, плус ниските трошоци придонесоа за зголемен интерес за него како можен кандидат за превенција и третман на ковид.
На основа на сето тоа прво се почна со лабараториски испитувања, а тие резултати беа охрабрувачки – објасни тој.
“Се покажа дека ивермектинот може да ја инхибира поделбата на сарс-ков-2, но сега одиме понатаму. Тоа беше сигнал да се спроведат клинички испитувања и тие испитувања во различни земји. Сите наоди може да се сумираат – едни рекоа дека ивермектинот предизвикува корисни ефекти, други дека не доведува до никакви благотворни ефекти, дека може да предизвика штетни ефекти кај одредени пациенти. Врз основа на тоа, Светската здравствена организација и Европската агенција за лекови рекоа дека немаме доволно докази дека можеме да препорачаме употреба на ивермектин во превенција и третман на ковид, освен во клинички испитувања“, вели д-р Стојановиќ.
Тој посочува дека истражувања на овој лек се спроведува во Велика Британија и Америка, но дека во меѓувреме „не смее да се дозволи ивермектинот да стане магичен лек, икона на противниците на вакцинацијата, туку да се чекаат резултатите од клиничките испитувања кои ќе го ставтивермектинот каде што му е местото.“