Не е познато дали се работи за безбедносен пропуст, технички дефект или нешто друго, но секако е сцена која ретко се гледа. Имено, доаѓањето на американскиот претседател Џо Бајден во Глазгов на климатска конференција со резултира со овој необичен настан, кога на бензинска пумпа се најде неговиот Кадилак и неколку други безбедносни возила.
Пристигнувањето на Кадилакот на бензинска пумпа на БП го посведочи Герет Меки, кој потоа изјави:
„Видов човек во зелена униформа под полна опрема. Полициски мотоцикли го чуваа излезот од бензинската пумпа и изгледаше како никој да не може да се приближи додека точеа гориво. Двата ѕверови имаат иста регистарска табличка „800 002“. Не го видов Џо, можеби бил во блискиот ресторан Beijing Banquet додека се полнеле, бидејќи им требало доста време со оглед на потрошувачката“.