561
Поп ѕвездата Лејди Гага е ѕвезда на декемвриското британско и италијанско издание на култното списание “Вог“ (Vogue). Меѓу другите кадри, Гага позира и целосно разголена на фотосесијата за списанието.
Ова е прв пат во историјата да се случи иста личност да се појави на насловната страна и од британското и од италијанското издание на Вог. Фокус на интервјуто кое Гага го даде за списанието е нејзиниот нов филм „Куќата на Гучи“ кој во кино-салите пристигнува на крајот на овој месец.
