Газдата на српската телевизија Пинк, Жељко Митровиќ останал без озвучување иако во Шимановци обезбедувањето било бројно. Жељко пробал со приватна истрага да ги открие сторителите, наведува соговорникот и случајот е пријавен во полиција.
Најскапа опрема украдена од Белата палата е звучник кој чинел 30.000 евра а со него земени се и бубици, делови од озвучувањето и друго, кои се проценети на околу 10.000.
Кражбата се случила за време на забавата која Жељко Митровиќ ја организирал после крајот на четвртата сезона на “Задруга“. Таа ноќ имало многу луѓе на имотот – бивши учесници, нивна поддршка, новинари и други гости. Лоповите филмски ја украле опремата од Пинк.
– Колку што сум упатен, тој звучник вреден 30.000 евра го ставиле во комби кои го паркирале пред студиото. Тоа не е единствено што е украдено таа ноќ – исчезнале и неколку бубици како и дополнителна опрема, а нивната вредност е повеќе од 10.000 евра – рекол соговорникот за “Ало“.
– Од тогаш мерките за безбедност во “Задруга“ се доста заострени. Во петтата сезона на “Задруга“ во Шимановци има повеќе обезбедување, кои ги чуваат и учесниците и вредната опрема на имотот. Секако овој инцидент доста влијаел и на тоа дека сите мора да водат сметка за да не се повтори таквата ситуација – заклучил изворот.