По изречениот притвор пред седум дена за случајот ,,Талир“, екс премиерот Никола Груевски денеска повторно доби нов притвор.
На денешното рочиште за случајот ,,Титаник”, судот на барање на СЈО, на обвинетиот Груевски, кој е во бегство, му одреди мерка притвор од 30 денови.
Во образложението на судот за новиот притвор на Груевски се вели:
,,Имајќи го во предвид барањето на јавниот обвинител ,поднесено на 23.11.2018 за определување мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски, како и известувањето на Претседателот на Собранието на Република Македонија поднесено на 27.11.2018, по советување и гласање Судечкиот совет, по член 365 став 3 , а во врска со член 165 став 1.4 од ЗКП , НА ОБВИНЕТИОТ НИКОЛА ГРУЕВСКИ МУ ОДРЕДУВА МЕРКА ПРИТВОР ВО ТРАЕЊЕ ОД 30 ДЕНА,И ИСТАТА СТАПУВА НА СИЛА ОД ДЕНОТ НА НЕГОВОТО ЛИШУВАЊЕ ОД СЛОБОДА“-стои во објавата на судот.