Шерон Стоун често објавува забавни фотографии на Инстаграм со кои потврдува дека за неа нема поголема среќа од онаа што ја има во кругот на семејството.
Имено, покрај трите сина Роан, Квин и Лерд, друштво во Лос Анџелес и прави и нејзината мајка Дороти (87). Меѓутоа, откако пред неколку години го изгубила сопругот Џозеф, тешко ја поднесува осаменоста бидејќи целиот свој живот го поминала со него.
Затоа познатата актерка решила да ја донесе дома, за покрај трите внуци да нема време да се препушти на тешките мисли.
Фотографијата е наградена со комплименти, а можеа да се слушнат коментари дека Шерон од неа ги наследила добрите гени и убавината.