Спремајќи се за работа секое утро, Никола Тарнер (35) обожава да се шминка и да се дотерува за новиот работен ден.
Но, Никол нема намера да носи елегантна канцелариска облека, наместо тоа носи елек отпорен на нож и никогаш не излегува од дома без лисици или беџ.
Никол, која живее во Есекс, Велика Британија со нејзиниот партнер Лук (36) и ќерката Виолет (7), никогаш не дозволува нејзината работа како полицајка да застане на патот на нејзиниот ултра гламурозен стил, тврдејќи дека тоа ја прави подобра на работа.
„Мајка ми ме воспита да работам на својот изглед, да бидам уредна и репрезентативна. Лично, се чувствувам како да сум најдобрата верзија од себе кога се шминкам и тоа ме прави самоуверена. Затоа, ако сум најдобра кога се шминкам, така ќе одам на работа“, изјави Никол за „Сан“.
Сепак, не се согласуваат сите.
Секогаш кога Никол ќе излезе на улица во униформа, таа ризикува да биде злоупотребена од јавноста која мисли дека е премногу згодна за да биде полицајка.
„Кога и да одам на фудбалски натпревар ме погодуваат погрдни коментари, се сеќавам на една случка кога пред пабот имаше околу 100 навивачи и сите почнаа да скандираат и да покажуваат кон мене. Ми рекоа дека сум само стриптизета во униформа, толку бев понижена“, се присети таа на едно лошо искуство.
Изгледот на Никол не само што привлекува сексистички коментари, туку понекогаш и ја отежнува работата.
„Почесто се справувам со разни инциденти, а понекогаш мажите целосно ме игнорираат и разговараат со мојот колега. Мислам дека на некои луѓе едноставно не им се допаѓа жена да им кажува што да прават“, открива таа.
Но, не се само мажите кои даваат злобни коментари поради нејзиниот изглед. Често била мета на коментари на други жени кои ја исмејувале поради шминката на работа.
„За мене, сè додека си способен и си ја вршиш работата правилно, не треба да е важно како изгледаш. Но, луѓето како да не можат да веруваат дека јас сум способна да ја работам мојата работа исто толку добро кога се шминкам“, објаснила Никол, додавајќи дека верува дека стереотипот за полицајките работи против неа.
Никол признава дека не била отсекогаш толку позитивна за нејзиниот имиџ како полицајка.
Таа првпат се приклучила на полициските сили пред 13 години и била единствената жена офицер во тоа време, а била примена и станала свесна за нејзиниот имиџ.
„Мислам дека со текот на времето постепено се менуваат ставовите кон полицајките. Имам среќа што работам во група со силни жени лидери кои се борат за жените“, откри Никол.
„Што се однесува до мажите кои ме малтретираат, мислам дека никогаш нема да се променат. Сакам овие луѓе кои ме злоставуваат да се сетат дека во часот на потреба кога ти требам, не е важно како изгледам. Никогаш не би кажале на болничарката дека става премногу шминка и дека не треба да ви се даде CPR. Способна сум исто како и секој мој машки колега, со или без малку маскара“, заклучи таа.