Жителите на град во американската сојузна држава Кентаки биле шокирани од фотографиите на кои се гледа како учениците танцуваат во скутот на наставниците и директорот (кој е и градоначалник).
Фотографиите, направени на училишна претстава првично биле објавени од самото средно училиште Хазард на својата Фејсбук страница, но подоцна биле отстранети, пишува Дејли Мејл.
Фотографиите покажуваат навивачки облечени како келнерки на Хутерс кои носат алкохол во рацете и ученици облечени во мрежести чорапи кои танцуваат во скутот на директорот Доналд Мобелини.
На фотографиите се гледа и како учениците се удираат по задникот.
Шефот на училишната област Сузан Комбс рече дека е започната истрага за инцидентот.
„Инцидентот е под истрага и затоа не можам да дадам повеќе информации. Кога истрагата ќе заврши, ќе преземеме соодветни мерки“, рече Комбс.
Во 2008 година, Мобелини, наводно, двапати бил под истрага за инцидент со алкохол во кој биле вклучени и ученици.
Во еден случај на интернет се појавија фотографии од него како вози ученици откако пушеле и пиеле алкохол, а во друг случај полицијата ги фатила учениците како пијат на училишното игралиште неколку моменти откако директорот ги оставил.
Мобелини во никој случај не бил обвинет дека направил нешто погрешно „бидејќи не бил свесен за алкохолизмот“, се наведува во информацијата.