По долга врска, се сврши Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Тој ја побара за жена неговата девојка Јана, а веста ја објави на социјалните мрежи.
„Од сега па за навек “, напиша Иван, кој е со поинаков имиџ од предходно кога беше во некој рок фазон.
Тој во интервју за емисијата „Бекстејџ“ открива дека ја пронашол својата сродна душа.
„Во ова невино време што измина, во животот ми влезе личност која ми го облагороди моето време. некако си се надополнивме, си знаев дека тоа е тоа уште на почетоците кога започнуваше нашата врска… љубовта не е нешто егзактно што можеш да го пресметаш. едноставно тоа го чувствуваш во себе. не за џабе велат дека пеперутките во стомакот, не лажат. кога ќе го почувствувате тоа, ќе знаете дека станува збор за она вистинското и дека таа е личноста со која сакате да ја испишете една од најубавите приказни во животот“, истакна синот на нашиот поранешен претседател, Ѓорге Иванов.
Иван откри и дека кога ќе заврши пандемијата, планираат и голема традиционална свадба.
„Јас сум растен во такво семејство, сум растел со нана, баба, дедо што едноставно ми го всадиле тоа. јас сум горд на нашата традиција и не сакам ниту да размислувам дека некој би се срамел од тоа и дека не сака да испочитува нешто што било обред и адет кај нашите стари кои си го почитувале и зачувувале тоа пренесувајќи го од колено на колено“, истакна во интервјуто Иван.
Инаку, неодмна тој ја промовираше неговата поетската книга „Невино време” која ја промовираше пред неполн месец, а најави и нова збирка во која ќе раскаже како се чувтствал во љубовта со Јана.