Во Србија се случува голем скандал откако тамошната мисица Валентина Петровиќ е фотографирана со прекрстени раце како „лета орли“.
Симболот на Голема Албанија таа го покажува заедно со колешките од Косово, Албанија и Црна Гора.
Носителката на лиценцата Весна Винча веднаш наредила девојката да се врати дома, а Валентина Петровиќ се правдала дека немала никаква лоша намера, туку дека спонтано застанала до другите мисци додека биле наместени со рацете и оти во тој момент немала појма што покажува.