Американскиот актер Џејмс Мајкл Тајлер, најпознат по улогата на Гантер во култната серија „Пријатели“, почина на 59-годишна возраст по долга борба со ракот на простата.
Починал мирно, во неговиот дом во Лос Анџелес, наведе во соопштението неговиот менаџер.
-Светот го познаваше како Гантер (седмиот пријател), но најмилите негови го познаваа како актер, музичар, поборник за повисока свест за карциномот и сакан сопруг, – се наведува во соопштението.
Својата болест Тајлер ја држел во тајност од јавноста околу три години, пред да открие дека има карцином кој се проширил.
-Дијагностициран ми е рак на простатата кој се прошири на моите коски. Се занимавам со оваа дијагноза околу три години. Четврта фаза. Рак во доцна фаза. Па на крај, знаеш, веројатно ќе ме докрајчи, рекол Тајлер во јуни во интервју за Тудеј.
Зад себе, Тајлер има 40 филмски и ТВ-проекти.