Светот е потресен изминатите неколку дена, откако пристигна Талибанците и ја отсекле главата на младата одбојкарка Махјабин Хакими, а фотографиите ги објавија на социјалните мрежи.
Девојката, која важеше за еден од најголемите таленти во светот на одбојката, настапуваше за клубот Кабул, а беше погубена од милитанти, откри нејзиниот тренер, а пренесе „Дејли меил“.
Контрадикторните извештаи кои се појавија на социјалните мрежи наведуваа дека одбојкарката всушност била убиена една недела пред талибанците да го заземат Кабул. Други, пак, тврдеа дека извршила самоубиство. Но, на крајот, центарот за истражувачко известување во Авганистан потврди дека се работи за убиство извршено од Талибанците.
Смртта на несреќното девојче е пријавено дури сега, бидејќи наводно Талибанците ги принудиле семејството и тренерот да молчат.
Откако на интернет се појавија ужасните фотографии, тренерот на девојката одлучи да каже се што знае.
-Другите девојки од тимот и другите спортисти живеат во постојан страв и очај. Само две девојки од тимот успеаја да избегаат од земјата. Другите се кријат, изјави тренерот на Хакими.
Италијанската одбојкарска лига пред секој натпревар овој викенд изрази едноминутно молчење во чест на младата одбојкарка.
Талибанците им забранија на жените да се занимаваат со спорт, а оние кои им се противат ризикуваат да бидат измачувани и егзекутирани.