СЕКСИ ШЕРОН СТОУН: Познатата глумица ја “запали” Венеција (ФОТО)

by Тони Зографски

За разлика од многу познати дами чии лица се речиси неподвижни од ботокс, холивудската глумица  Шерон Стоун (63) е вистински пример дека жената може да изгледа убаво и негувано во некои подоцнежни години и покрај нејзината возраст.
Тоа го докажа со најновите фотографии на кои ја гледаме како се шета низ Венеција во црн фустан со длабоко деколте и шлицови, се’ со цел да сними реклама за брендот „Долче и Габана“.

Елегантниот црн фустан ја истакна витката линија на убавата актерка, додека шлицот и деколтето ги ставија витките нозе и гради во преден план. Изгледот го комплетираа црните сандали, но се чини дека пресудна е харизмата и енергијата со која зрачи Шерон Стоун.

Таа на својот Инстаграм објави една од фотографиите од снимањето, а многу познати дами не одолеаја да го пофалат нејзиниот изглед.
„Мислам, ова е моќ. Вистински гламур за моите очи. Ви благодарам”, напишала Селма Блер, додека актерката Холанд Тејлор само накратко рекла: “Драги Боже!”.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com