Поранешна jугословенска гордост на автомобилската индустрија “Југо“ на Запад често беше (не)оправдано карактеризирана како најлош или еден од најлошите автомобили на сите времиња. Новинарите на американскиот автомобилски веб сајт Jalopnik тестирале примерок од овој модел кој им го позајмил нивни колега.
Тие ги пофалија неговиот дизајнот и искористеноста на просторот, а приговорите одат на сметка на лошиот избор на материјали и бои. Исто така, тие потврдиле дека сопствениците на овој автомобил, поради неговата ниска цена не воделе доволно сметка за своето возило и често го запуштале, бидејќи го сметале за безвредно.
Заклучокот е дека автомобилот не е ништо посебно, но сепак не е ни најлошиот автомобил во историјата.