Ќерката на пејачката Маја Оџаклиевска, Андреа, стана мајка. Таа објави слика на Фејсбук и откри дека родила син.
„Наше мало момче, наш борец“, напиша таа.
Андреа е помалата ќерка на популарната пејачка. Таа се омажи во мај за своето долгогодишно момче Милош Живковиќ, брат на српската манекенка Дејана Живковиќ. На свадбата што се одржа во познат белградски ресторан покрај вода пееше и Маја.
Ова е втор внук на Оџаклиевска. Маја од постарата ќерка Теа го има внукот Лука, момче со аутизам за кого се грижи сама.