Околу 50 поранешни стјуардеси на веќе згасената италијанска авиокомпанија „Ал Италија“ ги соблекоа униформите во центарот на Рим на плоштадот Кампидољо, во знак на протест поради загубата на работните места и условите во кои нивните колеги се вработуваат повторно во новата компанија „ИТА Ервејс“.
Италијанската авиокомпанија „Ал Италија“, која со години е во финансиски проблеми, последен пат полета на 14 октомври, а нејзините авиони ги презеде авиокомпанијата ИТА, која почна да лета само еден ден по затворањето на „Ал Италија“.
Околу 50 поранешни стјуардеси стоеја во редови на римскиот плоштад, прво ги фрлија торбите на калдрмата, потоа полека и синхронизирано, ги соблекоа палтата, униформите, здолништата, и високите потпетици.