Холивудскиот глумец Алек Болдвин уби 42-годишна жена со оружје реквизит на снимањето на неговиот нов филм на ранч во Ново Мексико.
Починатата е Хајлина Хачкинс, која работела како директор на фотографија на филмот, а во инцидентот е ранет и режисерот на филмот Џоел Соуза. Хачкинс веднаш со хеликоптер била пренесена во болница меѓутоа починала од повредите.
Според полицијата инцидентот се случил за време на снимање на сцена. Оружјето што го користел Болдвин по сите правила требало да биде полно со маневарска муниција. Од полицијата изјавиле дека е премногу рано да се каже каков тип на куршум бил употребен.
Болдвин во Ново Мексико го снима филмот „Раст“ во кој го игра истоимениот лик кој е дедо на 13-годишен тинејџер осуден на бесење за ненамерно убиство на локален фармер.