Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон е позната по класичниот и одмерен моден стил кој го негува години наназад, па затоа за нејзината последна модна комбинација уште долго ќе се зборува, бидејќи изгледаше многу впечатливо.
Имено, на хуманитарен настан посветен на проблеми со зависностите, Мидлтон појави во црвена боја од глава до пети. Плисирано здолниште долго се до глуждовите, тенка волнена црвена блуза со округол израз. Таа истовремено беше тренди, секси и елегантна, а притоа беше “покриена“ .
Кејт заблеска на овој настан, но нејзината комбинација според коментарите на многумина, најмногу беше зачинета со чантата која ја носеше. А е несвојствена за војвотката од Кембриџ, бидејќи навикнати сме на сите настани да ја гледаме со плик чанта во рацете.