“КАДЕ Е ТАА? НЕКА ДОЈДЕ“: Џони Деп расплака девојка во Белград (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Џони Деп е во Белград каде помина 24 часа, а неговите обожаватели се пресреќни и го следат секој негов чекор. Така беше и синоќа во центарот на Белград каде го дочекаа фановите пред вечерата со бројни личности од јавниот живот на Србија.

Холивудскиот актер по 20 часот пристигна на вечерата, а пред влезот се фотографираше со фановите и делеше автограми. Во еден миг му пријде госпоѓа која замоли за автограм за нејзината ќерка.

“Ве молам за мојата ќерка“, му рече госпоѓата на актерот.

„Каде е таа? Нека дојде“, ѝ рекол Деп после што девојката му пришла.

Џони Деп ја праша како се вика, таа одговори Нина и почна да плаче од среќа. Глумецот се фотографирал со девојката, ѝ дал автограм и ја прегрнал. Девојката не престанала да плаче од возбуда, а нејзината мајка се обидувала да ја смири.

Видеото може да го погледете на следниов линк.

Инаку 58-годишниот актер ќе биде 24 часа во Србија, каде што се сретна и со претседателот Александар Вучиќ, а ќе добие и орден за заслуги за промоција на Србија преку проектот „Puffins Impossible“ –  првата анимирана серија произведена во Република Србија.

Вучиќ се пошегува дека дамите од неговиот кабинет никогаш не дошле подотерани на работа, а дури останале да работат и прекувремено.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com