Рене Зелвегер ја носи титулата на една од кралиците на трансформациите во актерскиот свет. Поради улогата веќе неколку пати таа се трансформирала, а овојпат за трансформацијата ѝ помогнало специјално направениот костим за актерката, а сè поради улогата во филмот „The Thing About Pam“.
Папараците ја уловија на снимањето на серијата „The thing about Pam“, во која ја глуми Пам Хап осудена за убиство, а Рене на фотографиите не личи на себе.
Со неколку вишок килограми и збрчкано лице, холивудската актерка не е лесно да се препознае, но овој пат таа само навидум се здебели со помош на специјален костум, т.н. „fat suit“ (дебел костум во буквален превод) за да може да ја задржи својата вита фигура, а на нејзиното лице е користена простетика.
Новите фотографии на актерката го обиколија светот и таа уште еднаш успеа сите да ги зачуди со своето непрепознатливо издание, а многумина веќе со нетрпение ја очекуваат нејзината нова серија.
Нејзината најпозната трансформација беше за улогата на пополната Британка Бриџит Џонс, за која не користеше специјален костум и всушност мошне се здебели, а потоа совршено го совлада британскиот акцент, иако е родена во Тексас.
Инаку, Рене во последните години честопати беше обвинувана дека претерала со естетските процедури и дека има вештачки изглед, а многу нејзини обожаватели се согласуваат дека изгледала многу подобро со облини отколку кога е тенка.