Кандидатот на Левица, Петар Георгиевски-Камиказа, преку Фејсбук упати благодарност на сите кои му дадоа поддршка на овие локални избори.
„Бронзата е медал за на маратон, но не и за избори. Во благодарам за поддршката и за искрените намери. Нека победи подобрата или подобриот“, напиша Георгиевски.
Инаку, во вториот круг од овие избори главната битка ќе ја водат Данела Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот градоначалник Петре Шилегов. Арсовска има во моментов 37.28%, додека Шилегов 34.96%, и извесно е дека таму ќе има втор круг.На третото место е Петар Георгиевски од Левица со 8.58% од гласовите.