Валери Гато, беше прогласена за Мис на Пенсилванија, а кога се појавила на изборот за Мис на Америка 2014., никој не можеше да помисли дека зад нејзината убавина и насмевка стои многу болна животна приказна.
Валери, гостувајќи во една емисија, открила дека е родена како резултат на силување, бидејќи нејзината мајка била нападната со нож од непознат маж и го извршил ова грозоморно злосторство.
Родена како резултат на силување
– Кога ќе се родите како резултат на силување, не знаете кој вие татко, не знаете дали некогаш го нашле, повеќето луѓетоа би го сметале за несреќна ситуација. Пораснав со мајка ми и нејзините родители. Тие никогаш не ме гледаа како нешто погрешно. Имам семејство кое ми дава многу љубов и поддршка и кое ми вели дека можам да бидам и претседател на Соединетите држави – изјавила Валери и додала дека како мала често и поставувала прашања на мајка си за нејзиниот татко, но никогаш не добила одговор.
Кога била малку постара, нејзината мајка и објаснила дека никогаш нема да дознае кој е нејзиниот татко, бидејќи тој човек ја нападнал и ја силувал.
– Мислам дека се’ се случува со причина. Сакам да им кажам на луѓето дека се е можно и дека не смеете да дозволите негативни околности да ви го дефинираат животот – порачала мисицата.