Легендарниот холивудски актер, Еди Марфи, во 57-та година од својот живот стана татко по 10-ти пат. Неговата вереница Пејџ Бучер го донесе на свет нивното второ дете, кое го доби името Макс Чарлс Марфи.
Тој е тежок 2.72 килограми, а долг 48. 26 сантиметри. Макс своето средно име Чарлс го доби во част на постариот брат на Еди, Чарлс Марфи, кој почина од леукемија минатата година.
Марфи и Бучер се забавуваат од 2012 година, а Макс е нивното второ дете. Нивната ќерка Изи Она Марфи во мај оваа година наполни две години. Најстарото дете на Еди Марфи, Ерик има 29 години.