Голема акција на шпанската полиција во неколку градови. Разбиен е организиран ланец за проституциија. Уапсени се 14 макроа и 25 проститутки, повеќето од Србија.
Постои сомневање дека уапсените макроа ги држеле девојките во угнетена положба, како робинки, а за време на акцијата, полицијата провалила во неколку изнајмени станови во Барселона и околните градови, објавуваат шпанските медиуми.
Кога полицијата упаднала во становите ги нашла девојките кои биле чувани како робинки.
Маркоата барале од девојките 24 часа да имаат секс а во изнајмените станови имале инсталирано камери да ги надледуваат. Како што раскажале девојките често за сексот со клинетите не добивале надокнада.
Истрагата започна на почетокот на годината, а криминалната група имаше добро развиена мрежа. Макроата имаа неколку станови на различни локации, каде што девојчињата давале сексуални услуги за пари 24 часа на ден. Во становите беа поставени камери за да можат да ги следат. Девојките најчесто не добивале никаков надоместок“, неведуваат шпанските медиуми повикувајчи се на извори од полицијата.
Покрај Србинките, имало и девојки од Колумбија, Романија, Бразил, Венецуела и Доминиканската Република.