Индиец доби двојна доживотна затворска казна за убиството на својата сопруга, пишува Би -Би -Си.
Тој ова убиство го испланирал со каснување од кобра, односно змија отровница.
Сурај Кумар беше уапсен минатата година откако неговата партнерка Утра почина по каснување од змија, а пред неколку дена тамошниот суд утврди дека овој отровен влекач бил пуштен во креветот на жртвата од нејзиниот сопруг.
Убиството беше откриено откако семејството на Утра изјави дека таа била касната од друга кобра една недела пред фаталниот инцидент, а на крајот излезе дека првата средба на жената со змијата била организирана токму од нејзиниот сопруг.