Денис Кузмин, полицаец во градот Псков на северот на Русија, преку ноќ станал херој во руските медиуми, бидејќи скокнал во студената река “Псков” и од смрт спасил 12-годишно девојче кое скокнало од мост.
Кога скокнало од мостот, девојчето повикало помош. Некој од очевидците се јавил во полиција, која пратила патрола во која бил Денис Кузмин.
Тој, како што јавуваат руските медиуми, на својот колега му го дал појасот со пиштолот, го соблекол горниот дел од униформата и скокнал во студената река. Кратко после него скокнал и еден минувач со намера да помогне.
Помала група минувачи се собрала да му помогне на полицаецот да го извлече девојчето од реката на брегот.
Набрзо на местото на настанот пристигнале и останатите патроли и Итната помош.
Мотивот на девојчето да скокне од мостот не е познат.
https://twitter.com/i/status/1447856273081335808