Александар Маленко се ожени по 5-ти пат (ФОТО)

by Тони Зографски

Еден од најдобрите македонски пливачи, а сега претседател на пливачката Федерација на Македонија, Александар Маленко се ожени по петти пат. Негова нова избраничка е инструкторката за пливање Метка Спаравец од Словенија. Таа и Маленко објавија фотографиите од венчавката на социјалните мрежи.

„По 26 години си кажавме да“, напиша Маленко.

Инаку, ова е петти брак за Александар Маленко. Тој зад себе има четири брака и пет деца. Прво беше во брак со водителката Сузана Турунџиева, со која ја има ќерката Лора од која доби и внук. Беше во брак и со актерката и поранешната директорка на театарот „Комедија“ Јелена Жугиќ, со која го има синот Ахил, а потоа се ожени со шест години постарата Русинка Татјана Михалова Фјодорова со која исто така има син. Со четвртата сопруга, Фани поранешниот пливач има два сина.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com