Џени, која на социјалните мрежи се потпишува како Jennys.reviews, останала бремена 16 години по менопаузата! Има 62 години и тоа сознание за неа било големо изненадување. Таа своето бебе го опишува како „чудо“.
Бидејќи е во прашање геријатриска бременост, и таа и нејзиниот 72 – годишен сопруг кој бил подложен на вазектомија биле изненадени.
Овој случај заинтригирал многу корисници, и секој ден и праќаат коментари за бременоста и прашуваат дали ги врзала јајниците:
„Не, моите јајници не беа подврзани, но мојот сопруг имаше вазектомија“, објаснува таа.
Патем, Џени има два сина, и тие го сметаат ова бебе за чудо.
Како што вели, многумина и рекле дека е премногу стара кога дознала за бременоста, додека му се восхитувале на нејзиниот партнер.
Крајниот термин е 25 ноември, а некои корисници не веруваат дека таа има 62 години, сметаат дека тоа не е вистина.
Други ја фалат што станала мајка и и велат „Годините не нe` дефинираат“.