ТРАГЕДИЈА ВО БОЛШОЈ ТЕАТАР: Падна сценографијата и уби актер

by Тони Зографски

Дел од сценографијата во Болшој театарот падна врз актерот и го уби, пренесува Тасс, повикувајќи се на извори на руската служба за итни случаи.

Почина актерот Јевгениј Кулеш (38).

„Декорацијата падна на сцената за време на операта и го уби актерот. Се обидоа да го реанимираат, но безуспешно “, рекол извор од агенцијата Тасс.

По несреќата беше прекината операта „Садко“ .

Театарот Болшој потврди дека актерот е убиен и дека истрагата е во тек за да се утврдат околностите на трагичниот настан.

Инаку, ова не е прва трагедија во Болшој театарот. Во јули, 2013 година повозрасен виолинист настрадаа кога паднал во просторот за оркестар.

 

останати вести