Кристина Смит (21) се движела по улицата Њу Џерси на 6 октомври околу 22 часот. Одеднаш, маж од висока зграда паднал врз автомобилот
„Одеднаш слушнав страшен „бум“. Звучеше како експлозија. А потоа започна врескање. Тоа беше човек, целата рака му беше крвава. Викаше: Што се случи?“, изјавила Смит, пишува 24sata.hr.
“Мислев, фала му на Бога, тој е жив, веројатно му помогна тоа што имаше дебела јакна. Можеби тоа го заштити од подлабоки рани”, изјавила Смит.
Таа повикала брза помош, а мажот бил пренесен во болница во тешка состојба.
Несреќниот човек не работел во зградата и не било јасно што прави таму, велат работниците и сведоците. Тој одбил да им го даде името на полицајците.
“Тој влезе во автомобилот преку покривот, потоа излезе од автомобилот и падна на земја. Се обидуваше да стане а луѓето се обидуваа да го натераат да остане долу додека не пристигне брзата помош”, изјавил Марк Бордо (50). кој работи во зградата.
“Така тој остана таму додека не дојде полиција и брза помош. Раката му беше скршена, но тој беше свесен”, изјавил Бордо.