Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК ја поддржа инцијативата за бојкот на настава поради енормното загадување на воздухот во Скопје.
Граѓани преку Фејсбук се организираат да не ги испраќаат децата на училиште додека не се реши проблемот со загадувањето. Музичарот и диџеј рече дека и тој би го сторил истото. Фотографии од апликацијата Мој воздух, вчера на социјалните мрежи објавија повеќе познати личности. Меѓу нив е и ракометарот Столе Стоилов и пејачката Тамара Тодевска. Се уште не е прецизирано кога и како ќе се одвива бојкотот на наставата.