Девојка се здобила со тешки изгореници откако скокнала во термален извор во националниот парк Јелоустоун за да го спаси своето куче. Таа сега е во критична состојба.
20-годишната, чиј идентитет се уште не е познат, во понеделникот скокнала во изворот со температура на водата од околу 90 степени Целзиусови. Според службата за паркот, таа се здобила со изгореници „од стапало до рамо“.
Нејзиното куче излегло од автомобилот и рипнало во изворот. Девојката потоа тргнала во изворот по него, а нејзиниот татко успеал некако да ја извлече од топлата вода.
Кучето исто така било извлечено од термалниот извор, но подоцна починало, пишува Ен-Би-Си њуз.
Во септември, 19-годишна вработена во паркот се здобила со изгореници од втор и трет степен на 5 проценти од нејзиното тело во гејзерот Олд верник.
Според службата за паркот, во Јелоустоун има околу 10.000 хидротермални извори, од кои повеќе од 500 се гејзери. Досега, повеќе од 20 луѓе загинале во тој национален парк откако влегоа или паднаа во термални извори.
Comments are closed.