Светската актерска дива – Шерон Стоун, ја изненади публиката со новите фотографии кои настанале овој месец во состав на еден престижен хотел во Франција.
Таа имала задача за потребите на едиторијалот да биде заводлива, сензацуална и допадлива, а во тоа ѝ помогнал црниот фустан кој ги нагласувал нејзините атрибути и асоцирал на креација достојна за тропските плажи.
Стоун вешто застанала пред објективот и уште еднаш докажала поради што ги освојува мажите ширум светот, а во седмата деценија тоа го прави уште поуспешно.
Овие фотографии, според мислењето на публиката можат достојно да ги заменат сцените во култното остварување „Ниски страсти“ каде актерката ги покажа речиси сите свои потенцијали.
Овие моменти за неколку минути ја освоија публиката, а многумина на прв поглед не ја препознале актерката со оглед на тоа дека моќта на трансформацијата која ја емитува е ненадминлива.
Инаку, Шерон неодамна доживеа семејна трагедија откако нејзиниот тригодишен внук ненадејно почина.
Comments are closed.