Во наредните денови можно е предвремено да почне грејната сезона во Скопје. Според правилникот, за тоа да се случи пред официјалниот старт на 15 октомври, потребно е средната дневна температура прогнозирана за наредниот ден да биде 12 степени.
Метеоролозите од утре најавуваат значително намалување на дневните температури со што се отвора можност да БЕГ да почне да ги загрева домовите во Скопје.
Сепак, одлуката за тоа кога ќе почне греењето (во периодот пред 15 октомври) ја носи Регулаторната комисија за енергетика.