Петнаесетгодишно девојче од Велика Британија кое се заразило со Ковид 19 починало дента кога требало да прими вакцина против овој вирусо, соопштило нејзиното семејство.
Џорџа Халидеј починала во болницата „Кралица Александра“ минатиот вторник, а четири дека пред тоа добола позитивен тест на коронавирус.
Нејзината мајка, 40-годишната Трејси Халидеј рекла дека таа била девојче опкружено со љубов и кое имало многу пријатели, талентирана кик-боксерка и музичарка, пренесува Гардијан.
-Беше многу активна, сакаше да излегува и да поминува време со пријатели и да поминува време со браќата и сестрите, рекла нејзината мајка.
-Таа порасна во многу убава млада дама, која секогаш сакаше да им помага на другите, секогаш беше тука за се. Ова го кине срцето, затоа што секогаш мислите дека вашите деца ќе ве надживеат, додала таа напоменувајќи дека нејзините браќа и сестри се очајни.
Мајката рекла дека Џорџа немала никакви здравствени проблеми, имала симптоми слични на грип пред да направи ПЦР тест кој бил позитивен и потоа се изолирала во својот дом.
Девојчето се мачело со јадење во неделата и понеделникот воопшто не можело да јаде поради болки во грлото.
Лекарот ѝ препишал антибиотици, но нејзината состојба се влошила, ја прегледал лекар кој ѝ рекол дека срцето забрзано ѝ работи и била однесена во болница.
-Цело време бев со неа. Се обидоа да ја стават на респиратор за да му дадат на телото прилика да закрепне. Отчукувањата на срцето се уште не ѝ се стабилизираа. Нејзиното срце не издржа. Дадоа се од себе, но не успеаја да ја спасат, рекла нејзината мајка.